Во обраќање пред стотици возачи на камиони во Харисбург, Пенсилванија, Трамп подвлече дека просечното американско домаќинство би добило зголемување на приходите од 4.000 долари, иако економистите велат дека таа бенефиција би се материјализирала во период од осум години и тоа со по 500 долари годишно.
Говорот на Трамп токму пред оваа група луѓе - најчестата професија во преку половина од 50-те сојузни држави во САД, имаше за цел да се спротивстави на ставовите на независните аналитичари дека републиканскиот даночен план најмногу ќе им користи на оние со највисоки примања. Овие експерти тврдат дека притоа во најмала рака некои даночни обврзници со средни примања ќе платат повеќе, а не помалку.
Претседателот не даде детали за тоа како планот ќе влијае на богатите.
Според Белата куќа, со предлогот, ќе се удвои стандардното одбивање, така што поголем приход ќе се оданочува со нула процент; првите 12.000 долари од приход за поединци и 24.000 за брачни парови, ќе бидат ослободени од данок, а седумте постојни категории за оданочување на приходи, ќе бидат консолидирани во три - 12 проценти, 25 и 35 проценти.
Facebook Forum