Линкови за пристапност

Трамп во Јужна Каролина се наврати на трговската политика


Претседателот на САД Доналд Трамп, синоќа за време на собир во Јужна Каролина, стави акцент на трговските преговори со Кина.

Откако ги критикуваше Канада и Европската Унија за наводни нефер трговски пракси, Трамп ја издвои Кина, дури навестувајќи дека поддршката на оваа земја за американската политика спрема Северна Кореја, можеби е ставена под знак прашање.

„Направеното во Кина може да се види насекаде, во зависност од начинот на кој сметате, 375 милијарди долари. Ние ја изградивме Кина. Ми се допаѓа претседателот Ши, но ние ја изградивме Кина. Тие ни` помогнаа на границата со Северна Кореја, но можеби нема повеќе да ни` помагаат. Тоа ќе биде многу лошо. Јас бев учтив колку што можев, но мораме да постигнеме баланс. Не мора да биде совршено, но мора да има одредена праведност“.

Трамп ова го изјави на собирот за поддршка на кандидатот за гувернер на Јужна Каролина од редовите на Републиканската партија, Хенри Мекмастер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG