Линкови за пристапност

Трамп тврди дека не ги напушта курдските сили во Сирија


Истовремено, претседателот преку Твитер ја пофали Турција, поканувајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ја посети Белата куќа на 13 ноември

Американскиот претседател Доналд Трамп инсистира дека не ги напушта курдските сили во Сирија, и покрај неговaта наредба да ги повлече американските специјални сили од регионот кај сириско - турската граница, што ќе отвори пат за интервенција на Турција.

Истовремено, претседателот преку Твитер ја пофали Турција, поканувајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ја посетиБелата куќа на 13 ноември.

Тој ја нарече Анкара голем трговски партнер, и и` даде кредит на турската Влада за помошта што му ја дала за спасување на голем број животи во провинцијата Идлиб.

Ова предизвика реакции од американските законодавци. Некои сметаат дека ова претставува предавство на сириските Курди, кои многумина во Вашингтон ги гледаат како голем сојузник во борбата против Калифатот на Исламската држава.

Други законодваци, пак, предупредуваат дека одлуката може да им биде единствено од корист на Русија, Иран и на сирискиот претседател Башар ал-Асад, и оти може да доведе до повторно засилување на Исламската држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG