Линкови за пристапност

Трамп: Време е да излеземе од војните кои немаат крај


Претседателот ја брани олдуката да ги повлече САД од Сирија пред нападот на Турција

Претседателот на САД Доналд Трамп ја брани неговата одлука да ги повлече американските сили од севрениот дел на Сирија, по критиките дека овој потег ќе им наштети на Сириските демократски сили, предводени од Курдите, како и на борбата против Исламската држава.

„Време е да излеземе од овие бесмислени војни кои немаат крај, и да ги вратиме нашите војници дома. Ќе се бориме каде ние имаме корист, и само за да победиме“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи:

„Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија и Курдите сега ќе треба да размислат што ќе прават со борците на Исламската држава во нивните соседства. Ние сме 7000 милији подалеку и ќе се бориме против Исламската држава ако ни се приближи нам“.

Администрацијата на Трамп најави дека Турција наскоро ќе продолжи со плановите да изврши напад во северениот дел на Сирија.

Трамп рече дека било премногу скапо да се продолжи со поддршка на силите предводени од Курдите.

„Се боревме против Турција со децении“, напиша Трамп на Твитер.

Сириските демократски сили велат дека силите на САД се повлекле од граничнита област со Турција, и ги обвинија САД оти не ги исполнуваат обврските од договорот меѓу САД и Турција, што ги вклучува и курдските борци.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција го штитела територијалниот интегритет на Сирија од почетокот на конфликтот, и оти ќе продолжи да го прави тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG