Таа цифра е за осум проценти повисока од минатата година, и е највисока од 2003-та.
Галуп извести за остра партиска поделба, но таква за која агенцијата вели дека вообичаена за последните две децении зависно од тоа која партија ја контролира Белата куќа.
Со републиканецот Доналд Трамп на функцијата, 85 проценти од републиканците велат дека биле задоволни со местото на САД, со што се согласиле само 19 проценти од демократите.
Републиканците исто така помогнале да се крене бројот на оние кои кажале дека на САД се гледа во позитивна светлина во светот.
Истражувањето на Галуп нашло дека 16 проценти од испираниците перцепцијата за САД ја оцениле како позитивна, додека други 44 проценти - денекаде позитивна. Осумдесет и три проценти од републиканците одбрале една од тие две опции.
Трамп го постигнал највисокото ниво во истражување на Галуп по прашањето дали другите светски лидери го почитуваат, но тој резултат е само 37 проценти од испитаниците кои рекле дека странските лидери го почитуваат Трамп, споредено со 61 процент кои рекле дека лидерите не го почитуваат.
Галуп вели дека резултатот е сличен на оној за републиканскиот претседател Џорџ В. Буш за истото време кога бил претседател, но е зад неговиот претходник, демократскиот претседател Барак Обама кој имал 51 процент.