Линкови за пристапност

Трамп бара Врховниот суд да ја преиспита забраната за патување


Последниот отпор против извршната наредба на претседателот беше во мај, од федералните апелациони судови

Претседателот на САД Доналд Трамп, побара од Врховниот суд повторно да ја разгледа неговата забрана за патување на граѓани од седум држави, со доминантно муслиманско население - Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен.

Администрацијата на Трамп бара највисокиот суд во државата да го преиспита легитимитетот на извршната наредба, која беше блокирана од пониските судови.

Портпаролката на Одделот за правда Сара Флорес, изјави дека нејзината Агенција е „убедена оти извршната наредба на претседателот Трамп е во согласност со неговиот легален авторитет, да ја сочува безбедноста на државата од тероризам“, рече Флорес.

Последниот отпор против забраната за патување беше во мај, од федералните апелациони судови.

Карен Тумлин, директор на Центарот за национално имиграционо право, рече дека судовите во државата сметаат оти одлуката на Трамп е противуставна.

„Ќе продолжиме да ги браниме правата на засегнатите граѓани, да живеат без страв од дискриминација од федералната влада“, вели таа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG