Врховниот суд вели дека администрацијата на Трамп може да забрани служба во Армијата на трнасродови лица, дури и ако продолжат предизвиците на пониските судови со промена на оваа политика.
Тоа значи дека Пентагон може да забрани мобилизација на лица кои направиле промена на полот.
„Иако сум горда за тоа што сум го направила за државата, се` уште мора да носам машка униформа тоа да го покажам“, вели Џенифер Симс.
Администрацијата на Трамп рече дека рестрикциите се неопходни поради огромни медицински трошоци за трансродовите лица.
Претходниот претседател Барак Обама ја укина забраната за трансродовите лица да служат во Армијата, и дозволи да се регрутираат и служат отворено.
Facebook Forum