Линкови за пристапност

Трамп: Не би бил среќен ако Северна Кореја изведе уште еден нуклеарен тест


Изјавата уследи откако Северот изведе нов тест на проектил во саботата, којшто, според Јужна Кореја, завршил неуспешно

Претседателот Доналд Трамп, изјави дека „нема да биде среќен“, доколку Северна Кореја изведе уште еден нуклеарен тест.

Трамп за телевизијата CBS кажа дека ниту тој, ниту кинескиот претседател Ши Џинпинг ќе биде среќен, ако севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун нареди шести по ред тест.

Северна Кореја, која се обидува да се развие проектил со долг домет со капацитет да го погоди американското копно на оддалеченост од 9.000 километри, во саботата изведен нов тест на проектил. Јужна Кореја подоцна соопшти дека и овојпат, тестот не бил успешен.

Тестот се случи само неколку часа откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пред Советот за безбедност на ОН, предупреди на „катастрофални последици“, доколку меѓународната заедница, особено Кина, не врши притисок врз Северна Кореја да стави крај на својата нуклеарна програма.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG