Линкови за пристапност

Остар пад на акциите на американската берза


Eдинствениот економски проблем во САД е зголемувањето на каматните стапки, смета претседателот Доналд Трамп

На берзата во САД денеска имаше остар пад на акциите.

Претседателот Доналд Трамп ги обвинува Федералните резерви (Централната банка) за паѓањето на берзата и други економски проблеми.

Во порака на Твитер, Трамп напиша дека единствениот економски проблем во САД е зголемувањето на каматните стапки.

Тој го обвини шефот на федералните резерви, Џером Пауел, дека не го разбира пазарот и дека со зголемување на каматните стапки ја оштетува економијата.

Централната банка ја намали основната каматна стапка речиси на нула за да го поттикне растот за време на рецесијата што започна во 2007 година. Банката ги одржуваше стапки на ниско ниво неколку години.

Со заздравувањето на економскиот раст, со што паралелно невработеноста падна на најниско ниво во последните 49 години, официјалните претставници на Федералните резерви проценија дека вонредниот стимул повеќе не е потребен.

Аргументите се движеа во правец на тоа дека преголем стимул може да се предизвика инфлација. Експертите сметаат дека таков пораст на цените може да поттикне штетен циклус на зголемување на цените што ќе доведе до барања за зголемување на платите, што пак ќе предизвика уште еден круг на зголемување на цените.

Довербата на инвеститорите, или недостатокот од неа, може да предизвика пад на акциите и на другите пазари, бидејќи загрижените акционери продаваат акции, а потенцијалните инвеститори престанат да ги купуваат достапните акции. Кога побарувачката се намалува, цените паѓаат.

Друг фактор кој исто така ја нарушува довербата на инвеститорите е политичкиот ќор-сокак во Вашингтон поради парите за граничниот ѕид на Трамп со Мексико.

Настојувајќи да ги смири турбулентните пазари, секретарот за финансии Стив Мнучин во неделата разговараше со лидерите на најголемите банки во САД. При тоа соопшти дека ги имаат потребните пари за рутинските операции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG