ВАШИНГТОН —
Берзите во Јапонија и Кина нагло паднаа. Индексот „Никеи“ изгуби пет проценти, додека индексот „Шангај композит“ два.
Во понеделничкото тргување S&P 500 заврши пониско за повеќе од два процента, а „Доу“ речиси за три проценти.
Претседателот на САД Доналд Трамп ги обвини Федералните резерви за падот на безрите и за други економски проблеми.
Во пораки на Твитер, тој кажа дека единствениот економски проблем на САД е порастот на каматните стапки.
Тој го обвини шефот на Централната банка Џером Пауел дека не го разбира пазарот и оти и` наштетува на економијата со зголемување на каматните стапки.
Facebook Forum