Линкови за пристапност

Трамп на заклетвата на Помпео


Трамп на заклетвата на Помпео
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:36 0:00

Во првата посета на Стејт департментот претседателот на САД имаше многу пофални зборови за неговиот нов државен секретар, кој од своја страна вети дека ќе ја врати цврстата позиција на одделот.

Претседателот Доналд Трамп за прв пат го посети Стејт департментот, по повод церемонијалното давање заклетва на неговиот нов државен секретар, Мајк Помпео.

„Мајк е вистински американски патриот“, рече Трамп фалејќи го новиот шеф на американската дипломатија.

Мајк Помпео, поранешниот директор на ЦИА, вети дека ќе ја врати „славата“ на Стејт департментот.

Дипломатскиот кор на САД треба да биде во секој агол, во секој дел од светот, да ги извршува мисиите за оваа држава, и ова е мојот скромен придонес кој ќе помогне да се постигнете тоа", рече Помпео.

Помпео го презеде кормилото на Стејт департментот откако во март Трамп го отпушти тогашниот државен секретар, Рекс Тилерсон, на само неколку часа откако Тилерсон се врати од посетата на Африка.

За разлика од Тилерсон, Трамп има блиски работни односи со Помпео. Претседателот и неколку членови на Кабинетот ќе присуствуваат на церемонијалната пленарна седница, што е јасен знак дека Помпео ја ужива довербата и поддршка на претседателот.

Претходно, Помпео направи селфи со неколку вработени во Стејт департментот и вети дека ќе биде близок со вработените.

Тилерсон беше под жестока критика во Стејт департментот, оставајќи многу високи работни места неисполнети и предлагајќи драматични намалувања на буџетот, што влијаеше на опаѓањето на моралот кај вработените.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG