Линкови за пристапност

Трамп: Bо секое време може да се рестартираат воените вежби со Јужна Кореја


Американскиот претседател ја обвинува Кина за забавување на процесот на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Претседателот Доналд Трамп предупреди дека САД во секое време може да ги рестартираат заедничките воени вежби со Јужна Кореја и Јапонија, доколку нема напредок во севернокорејската денуклеарија и предупреди дека „тие ќе бидат поголеми од кога било досега“.

Трамп ја обвини Кина за тешкотиите во односите меѓу САД и Северна Кореја, наведувајќи го влијанието на Кина како главен снабдувач на трговски стоки во Северна Кореја.

Сепак, Трамп кажа дека постои можност за дипломатски напредок, бидејќи тој „верува оти неговиот однос со Ким Јонг Ун е добар“ и поради тоа „нема причина“ да се трошат пари на заеднички воени вежби со Јужна Кореја.

Кина ги негираше критиките на Трамп за непочитување на санкциите спрема Северна Кореја и покрај извештаите на медиумите дека шверцот долж пограничниот регион е значително зголемен.

За разлика од подобрувањето на односите меѓу Кина и Северна Кореја, Пекинг влезе во трговска војна со Вашингтон, која може да ги поткопа напорите за соработка за спроведување на санкциите.

XS
SM
MD
LG