Линкови за пристапност

Трамп го одложи обраќањето пред нацијата за по отворање на Владата


Тој рече дека не бара алтернативна локација за говорот, и оти со нетрпение очекува да се обрати во блиска иднина

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе го одложи годишното обраќање пред нацијата, за откако тој и Конгресот ќе се договорат за делумното владино затворање.

Тој на неговиот Твитер профил напиша дека не бара алтернативна локација за говорот, и оти со нетрпение очекува да се обрати во блиска иднина.

Вчера Трамп реагираше на одлуката на спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси да не го покани да се обрати во Конгресот на 29 јануари.

„Ненси Пелоси или Ненси како што јас ја викам, не сака да ја слушне вистината, и не сака американскиот народ да ја слушне вистината“, рече Трамп.

Пелоси рече дека поканата за неговото обраќање во Конгресот е секогаш на маса само ако ја отвори Владата.

Околу 800.000 федерални работници веќе петта недела не одат на работа, и се очекува да не ја добијат и втората плата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG