Линкови за пристапност

Трамп најави своја социјална мрежа до крајот на месецов


Поранешниот претседател пред девет месеци беше блокиран од Твитер и Фејсбук заради поттикнување на нападот на Конгресот на шести јануари

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека отвора негова медиумска компанија со социјална платформа.

Тој ова го најави вчера преку соопштение до медиумите, девет месеци откако Твитер и Фејсбук го блокираа на нивните платформи заради поттикнување на нападот на Конгресот на шести јануари.

Трамп рече дека компанијата и апликација „Truth Social“ се лансирани за да им бидат конкуренција на големите технолошки компании кои му забранија пристап до милиони луѓе.

Апликацијата се очекува да биде лансирана овој месец, и на неа ќе има вести, подкасти и забавна програма.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG