Линкови за пристапност

Трамп: Не планирам да се откажам од социјалните медиуми


Тие се единствен начин да ја кажам вистината, напиша претседателот на Твитер

Претседателот на САД Доналд Трамп, најави дека ќе продолжи да ги користи социјалните медиуми за објавување на своите ставови.

„Само медиумите што објавуваат лажни вести, како и непријателите, сакаат да престанам да ги користам социјалните медиуми. Тие се единствен начин да ја кажам вистината“, напиша Трамп на Твитер.

Спротивно на неговото мислење, големите медиумски организации, кои тој често ги нарекува „лажни вести“, не побарале од него да се откаже од употребата на социјалните мрежи.

Напротив, тие често ги користат неговите Твитер-коментари, и преку нив го дознаваат неговото мислење во даден момент, од рано наутро, до доцна навечер.

Меѓутоа, соработници на Белата куќа, како и републиканските и демократските законодавци, го критикуваа за неговото користење на Твитер, на кој тој, во текот на првите шест месеци од доаѓањето на функцијата, напиша близу 1.000 твитови.

Неговите твитови се однесуваат од честитки за спортски успеси до коментари за законодавците, кои ги отфрлаат неговите политики, како и реакции за медиумите кои објавуваат информации против него

Коментарите на Твитер понекогаш се изненадување и за неговите соработници, како примерот минатата недела, кога напиша дека планира да ја повлече регулативата на неговиот претходник Барак Обама, со која забрани трансродови лица да можат да служат во армијата на САД.

Одделот за одбрана и клучните законодавци, вклучени во воените прашања, не биле информирани за промената на регулативата, како и за деталите за нејзина имплементација.

Трамп неодамна го назначи новиот шеф на кабинет Џон Кели, пензиониран генерал, и од него побара да стави ред во работењето во Белата куќа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG