Линкови за пристапност

Владата на САД ќе остане затворена и во новата година


Сенатот и Претставничкиот дом вчера се сретнаа кусо, но, не најавија решение за затворањето

Владата на САД ќе остане делумно затворена и во новата година. Конгресот нема да работи до крајот на 2018-та.

Вечерва на полноќ е точно една недела од затворањето на Владата, од кога принудно не работат стотици илјади федерални работници.

Претседателот Доналд Трамп бара Конгресот да одобри милијарди долари за изградба на ѕидот на границата со Мексико, додека демократите и натаму го одбиваат ваквиот предлог.

Сенатот и Претставничкиот дом вчера се сретнаа кусо, но, не најавија решение за затворањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG