Линкови за пристапност

Владата на САД затворена петти ден


Не можам да кажам кога ќе биде отворена, но, можам да кажам дека нема да биде отворена се` додека немаме договор за ѕид, рече Трамп

Владата на САД денес е затворена петти ден, без најава за можен договор за Буџетот.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека ваквата состојба ќе продолжи се` додека не се исполни неговото барање за финансирање на ѕидот на границата со Мексико.

„Не можам да кажам кога ќе биде отворена, но, можам да кажам дека нема да биде отворена се` додека немаме договор за ограда, ѕид или како и да го нарекувате“, рече Трамп вчера по телефонскиот разговор со американските војници во странство.

Трамп рече дека демократите мора да стават крај на овој ќорсокак, додека демократските лидери во Конгресот го обвинуваат претседателот за хаосот во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG