Претседателот на САД Доналд Трамп изјави демократите ќе бидат виновни за затворање на Владата. Тој претходно, пак, рече дека ќе прифати одговорност за делумно владино затворање, доколку Конгресот не донесе буџет кој ќе вклучува пет милијарди долари за изградба на ѕидот со Мексико.
Претставничкиот дом предводен од републиканците изгласа привремен буџет што му обезбедува на Трамп пари за изградба на ѕидот.
Буџетот сега е на гласање во Сенатот каде шансите за поминување се многу мали.
„Ако демократите гласаат против, ќе има затворање што ќе трае многу долго“, напиша Трамп на Твитер.
Тој нагласи дека нема да потпише буџет одобрен од Сенатот, а кој не вклучува финансирање на ѕидот.
Лидерот на малцинството во Сенатот Чак Шумер вели дека претседателот ја турка држвата во хаос со ваквите одлуки, додека лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел, рече дека потребата од заштита на границата е факт, и таа постојано се зголемува.
Facebook Forum