Линкови за пристапност

Населба во Голанската висорамнина преименувана во Трамп


Овој потег претставува благодарност на Израел до американскиот претседател, за признавање на израелскиот суверениет врз Голанската висорамнина

Мала еврејска населба во Голанската висорамнина, во која живеат околу десет жители, го доби името Трамп, во чест на американскиот претседател.

Амбасадорот на САД Дејвид Фридман, кој беше присутен на официјалното преименување на населбата во „Висорамнина Трамп“, рече дека ова е прекрасен потег, и оти нема подобар роденденски подарок за претседателот од овој.

Трамп, кој во петокот прослави 73-ти роденден, на Твитер напиша:

„Благодарам Нетанјаху и Израел за оваа голема чест“.

Израел ја преименуваше населбата како благодарност до Трамп, кој го призна израелскиот суверениет врз Голанската висорамнина.

„Голанската висорамнина била и секогаш ќе биде неразделив дел од нашата држава“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелските официјални лица се надеваат дека овој потег ќе доведе до нов развој на Голанската висорамнина.

Опозицијата, пак, обвини дека се работи за евтин маркетингшки трик.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG