Линкови за пристапност

Косово и Србија се договорија да ги нормализираат економските односи


Договорот беше постигнат со посредство на претседателот на САД Доналд Трамп, кој денес се сретна со косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ

Србија и Косово се договорија да ги нормализираат економските односи, по денешната средба со претседателот на САД Доналд Трамп во Белата куќа.

Договорот вклучува Србија да ја префли нејзината амбасада во Израел во Ерусалим, и Косово да го признае Израел.

Претседателот Трамп ова го најави денес, по средбата со косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Поминаа децении, бидејќи немавте кој да се обиде да го заврши тоа“, рече Трамп, додавајќи:

„Имаше многу борба, а сега има многу љубов“.

Дополнително, претседателот рече дека преку „фокусирање на отворање работни места и економски развој, двете држави можеа да постигнат вистински исчекор кон економска соработка“.

Вучиќ рече дека претседателот Трамп завршил одлична работа, поздравувајќи ја неговата заложба во регионот. Тој го покани Трамп да ја посети Србија.

Хоти рече дека договорот за нормализирање на економските врски е голем чекор напред.

По средбата во Белата куќа, Хоти и Вучиќ имаат одвоени средби со државниот секретар Мајк Помпео во Стејт департмент.

Независноста на Косово е признаена од повеќе од 100 членки на Обединетите нации, и од повеќето членки на Европската Унија, освен Словачка, Кипар, Грција, Романија и Шпанија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG