Линкови за пристапност

Без нови назначувања за летниот одмор на Конгресот


Сенаторите презедоа чекор поради стравувањата дека претседателот на САД ќе се обиде да го замени главниот правобранител, додека тие се на одмор

Американскиот Сенат ефикасно го блокираше претседателот Доналд Трамп од извршување нови назначувања, додека законодавците се на одмор во август.

Политичарите се согласиле на процедуралниот акт познат како состаноци про-форма - серија кратки средби коишто технички ќе го држат Сенатот отворен.

Сенаторите го презедоа чекорот по неодамнешната критика на Трамп кон главниот правобранител на САД Џеф Сешнс, којашто предизвика шпекулации дека тој може да го отпушти Сешнс за време на одморот на законодавците, со цел да избегне пролонгирано сенатско потврдување за новиот избор за оваа влијателна позиција во актуелната администрација.

Белата куќа ги окарактеризира пишувањата во медиумите како „од делот на лажни вести“.

Трамп не беше задоволен што Сешнс се повлече од истрагата на Одделот за правда во врска со мешањето на Русија на претседателските избори.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам за телевизијата „Ен-би-си“ неодамна изјави дека цената која Трамп ќе ја плати ако го отпушти Сешнс ќе биде „пеколна“.

Соработниците на Сешнс на Белата куќа и` пренеле дека тој нема намера да ја напушти функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG