Линкови за пристапност

Намалување на даноците во САД поблиску до реализација


Републиканците во Сенатот го одобрија планот за буџетот; Ако Претставничкиот дом се согласи, предлогот за реформа на даночниот систем, може да дојде кај Трамп за потпис

Со 51 глас „за“ и 49 „против“, републиканците во Сенатот доцна синоќа го одобрија буџетот што би можел да создаде услови за реализација на планот на претседателот Доналд Трамп за, како што ги нарече, „огромните даночни кратења и реформи“.

Белата куќа потоа издаде соопштение, во кое се вели дека „со тоа се поедноставува премногу комплицираниот даночен код, се обезбедува финансиско олеснување за семејствата ширум земја, а американските бизниси би биле конкурентни на глобалниот пазар“.

Републиканците во Сенатот беа под притисок да ја одобрат мерката за намалување на даноците, пред конгресните избори наредната година, откако не успеаа да го усвојат напорот поддржан од Трамп за укинување на законот за здравствена заштита, познат како Обамакер.

„Го завршивме првиот чекор во поддршка на нашиот нефункционален даночен систем, усвојувајќи темелен, фискално одговорен буџет, што ќе помогне федералната влада да биде на пат на баланс“, истакна лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел.

Сенторот Ранд Пол од Кентаки, беше единствениот републиканец кој гласаше против, велејќи дека мерката е прескапа. Тој кажа и дека не го поддржува планот на партијата за укинување на Обамакеар.

Независниот сенатор Берни Сандерс, истакна дека ова е неверојатно остра мерка, досега претставена во модерната историја на САД. „Во време на огромна нееднаквост во примањата и имотот, овој буџет обезбедува 1,9 трилиони долари даночни скратувања за најгорниот, еден процент од населението“, подвлече Сандерс.

Сенатот и Претставничкиот дом сега мора да се договорат за резолуција за буџетот за следната фискална година, со цел, републиканците да го реализираат планот за донесување на даночен нацрт-закон што до крајот на годинава треба да замине на потпис кај претседателот Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG