Претседателот на САД Доналд Трамп му го одзеде сертификатот за безбедност на поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Бренан, поради предизвикување поделба и хаос во неговата администрација.
Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс, изјави дека Бренан досега го чувал сертификатот за да може да ги советува неговите наследници.
„Ниту едно од овие изговори не ја оправдува ситуацијата Бренан и натаму да има пристап до класифицирани информации. Прво, постои ризик од неговото несоодветно однесување врз консултациите со официјални лица од администрацијата. Второ, неговото досегашно однесување ги надминува професионалните граници“, вели Сандерс.
Бренан неодамна го нарече однесувањето на Трамп на прес конференцијата со рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец „ништо помалку од предавничко“.
Тој на неговиот Твитер профил напиша дека однесувањето на Трамп е дел од напорот да се загуши слободата на говор и да се казнат критичарите.
Демократскиот сенатор Џон Ворнер изјави дека постапката на Трамп потсетува на оние во времето на претседателот Ричард Никсон, додека републиканскиот сенатор Ранд Пол вели дека однесувањето на Бренан покажува зошто тој не треба да има пристап до класифицирани информации.
Facebook Forum