Линкови за пристапност

Најавата на Шулц за трка за претседател на штета на демократите?


Поранешниот извршен директор на „Старбакс“ размислува да влезе во трка како независен кандидат на претседателските избори во САД во 2020-та година

Ховард Шулц, поранешниот извршен директор на корпорацијата „Старбакс“ планира да влезе во трка за претседател на САД како независен кандидат.

Во интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес, како и на социјалните медиуми, тој вчера најави дека во кампања, надвор од конвеционалниот двопартиски систем, можеби ќе им се спротивстави на Доналд Трамп и на оној што ќе го номинираат демократите.

„Ја сакам својата држава. Сериозно размислувам да влезам во трка за претседател како независен кандидат“, напиша Шулц на Твитер, додавајќи:

„Овој момент е како никој друг. Нашите две партии се поделени како никогаш досега. Ајде да разговараме како да направиме можности за повеќе луѓе“.

Шулц, кој себе си се нарекува демократ, го искритикува Трамп како „неквалификуван да биде претседател“ и ги обвини двете најголеми партии дека не го прават она што е неопходно за американските граѓани.

Трамп, кој некои експерти веруваат дека може да има корист од трката на Шулц, го предизвика 65-годишниот њујоркчанец, велејќи дека нема храброст да се натпреварува за претседател.

Трамп нагласи дека го гледал интервјуто со Шулц, и оти се согласил со него дека не е најпаметна личност, алудирајќи за себе дека „Америка веќе го има тоа“.

Претседателот го заврши твитот со подбив, велјеќи дека се надева оти „Старбакс“ се` уште плаќа кирија во кулата „Трамп“ во Њујорк.

Многу сериозни аналитичари се скептични дека Шулц има шанса да ги победи демократските и републиканските кандидати.

„Моментот е се` во политиката, а овој момент за Шулц е катастрофален“, вели историчарот Рик Шенкман, објаснувајќи дека ова се најлошите избори во американската историја милијардер да влезе во трка против милијардер.

„Трамп ја упропасти идејата бизнисмен да биде претседател“, рече тој.

Други, пак, велат дека политичкиот естаблишмент не треба да биде убеден дека на изборите во 2020 не може да победи независен канддат.

„Се` е можно“, велат тие.

Многумина демократи стравуваат дека Шулц би можел да му направи штета на нивниот кандидат повеќе отколку Трамп.

Шулц, пак, во интервјуто на Си-Би-Ес не зборуваше за овие предизвици, потенцирајќи дека сака американскиот народ да победи.

„Сакам да ја видам Америка да победи“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG