Линкови за пристапност

Трамп со критики за хигиената на ресторанот кој ја избрка Сандерс


Ваквата реакција уследи, откако ресторан во Вирџинија побара портпаролката на Белата куќа да замине, бидејќи работела за претседателот

Претседателот на САД Доналд Трамп го искритикува ресторанот во Вирџинија, кој побара портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс да замине од него, бидејќи работела за претседателот и ги претставувала неговите ставови.

Трамп, на неговиот Твитер профил, изјави дека ресторанот треба да се фокусира повеќе на одржување на нечистите прозорци и врати кои, како што вели тој, имаат потреба од бојадисување, а не на одбивање фина личност како Сандерс.

„Моето правило отескогаш било дека ако ресторанот е нечист надворешно, е нечист и внатре“, напиша Трамп.

Сандерс била на вечера со сопругот и пријатели во петок вечерта, во ресторанот Ред Хен во Лексингтон, Вирџинија, 300 километри југозападно од Вашингтон, кога сопственичката Стефани Вилкинсон побарала да го напушти ресторанот.

Сандерс и нејзините пријатели заминале веднаш, и покрај тоа што се` уште го чекале главното јадење.

Вилкинсон, за Вашингтон пост, изјави дека подалеку од нејзината маса, и` кажала на Сандерс да го напушти местото, бидејќи ресторанот имал одредени стандарди, како искреност и соработка, укажувајќи дека Сандерс и Трамп тоа не го поседувале.

Таа, исто така, изјави дека некои од нејзините вработени се хомосексуалци, а администрацијата на Трамп забранила трансродови лица да служат во Армијата.

Сандерс, на нејзиниот Твитер профил во саботата, напиша дека учтиво заминала од ресторанот.

„Нејзините дела зборуваат повеќе за неа отколку за мене“, изјави Сандерс, нагласувајќи дека таа секогаш се трудела да се однесува добро кон луѓето, вклучувајќи ги и оние со кои не се согласува.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG