Линкови за пристапност

Фокусот на претседателската кампања се сели во Њујорк


Доналд Трамп се обидува да ја поправи позицијата меѓу републиканците. Кај демократите – Сандерс и Клинтон исто така со големи надежи во оваа сојузна држава.

Во обраќање пред симпатизерите, Трамп ја критикуваше осудата на, цитираме, вредностите на Њујорк“ од страна на неговиот ривал, сенаторот од Тексас, Тед Круз, за време на претходна дебата.

Круз истакна дека неговиот коментар за Њујорк е насочен кон либералните политичари, иако бројни њујорчани го сметаат за навреда.

Како и Трамп и Круз го пресретна група демонстранти, а во Њујорк пристигнува по победата на прелиминарните избори во Висконсин.

Анкетите сепак покажуваат дека Трамп и натаму и значително водство пред Круз и гувернерот од Охајо, Џон Кејсик воочи важните прелиминарни избори во Њујорк.

На страната на демократите, Берни Сандерс кажа дека Хилари Клинтон не е квалификувана да биде на функцијата претседател, откако извојува победа во Висконсин. Но, Клинтон која и натаму води пред Сандерс кажа дека идеите на сенаторот од Вермонт нема да функционираат, бидејќи неговите бројки едноставно не се совпаѓаат.

XS
SM
MD
LG