Демократските законодавци ја обвинија администрацијата на Трамп за „бизарен и незаконски обид да се освојат политички поени“ со евентуален план за испраќање недокументирани имигранти приведени на американско - мексиканската граница кон конгресните окрузи претставени од страна на демократите.
Конгресмените Џеролд Надлер, Елија Кумингс и Бени Томпсон, сите претседавачи со комисии на Претставничкиот дом кои ја истражуваат администрацијата на Доналд Трамп, побараа документи и комуникации во врска со планот за преместување на мигрантите од границата во стотици заедници низ САД.
Локалните власти низ целата земја изјавија дека надлежностите на градовите со прифатилишта за мигранти, се одредени со политики кои ограничуваат колку соработуваат со федералното спроведување на имиграцијата и во некои случаи им овозможуваат на недокументираните имигранти да имаат пристап до градските услуги и да добијат идентификациски картички.
Федералниот закон не бара локалната полиција да ги приведе луѓето врз основа на нивниот имиграциски статус.
Трамп вчера повторно предложи дека сака да ги премести имигрантите уапсени на границата во градовите и државите со прифатилишта, откако во текот на викендот рече дека сака „да се погрижи за илегалните имигранти - и тоа ги вклучува и членовите на бандите, трговците со дрога, трговците со луѓе и криминалците од сите облици, големини и видови“.
Facebook Forum