Линкови за пристапност

Трамп претстави план за побезбедни училишта


Претседателот на САД се повлече од идејата за покачување на минималната возраст за купување на некои видови оружја

Белата куќа вети дека ќе им помогне на сојузните држави да обезбедат „ригорозна обука за огнено оружје“ за некои наставници и го одобри предлог-законот за зајакнување на федералниот систем за проверка на купувачите на оружје, но се повлече од ставот на претседателот Доналд Трамп за зголемување на минималната возраст за купување одредени видови оружја.

Претседателот Доналд Трамп претходно изрази поддршка за зголемување на возраста за купување на автоматско оружје од 18 на 21 година, но тоа не беше вклучено во планот, којшто беше објавен во неделата.

Трамп сака да им помогне на сојузните држави да обучат високо квалификуван кадар кој во училиштата доброволно ќе носи огнено оружје и да ги охрабри воените ветерани и пензионери да бидат регрутирани за да бараат нови професии како наставници.

Според планот на Белата куќа, секретарката за образование Бетси Девос ќе претседава со комисија за безбедност и насилство во училиштата, која ќе поднесе препораки до Трамп во рок од една година, велат официјалните претставници на администрацијата.

По масовното убиство во средното училиште во Флорида во кое загинаа 17 лица, постои зголемен национален интерес за политиката за контрола на оружјето.

Властите обвинија 19-годишно лице за масакрот, велејќи дека користел автоматска пушка.

Ученици од цела држава на еден месец по нападот во Флорида, планираат да организираат марш како и голем собир на 24-ти март во Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG