Линкови за пристапност

Претседателот Трамп го обвини Мулер за политичка пристрасност


Претседателот на САД Доналд Трамп, го обвини специјалниот советник Роберт Мулер за политичка пристрасност во истрагата за поврзаноста на неговата изборна кампања со Русија и за тоа дали претседателот го попречил правото во обид да ја прекине истрагата.

Трамп во неколкуте пораки на Твитер викендов, за прв пат директно го повика Мулер, оспорувајќи го постоењето на истрагата и наведувајќи политички предрасуди на советникот и неговиот тим.

„Зошто тимот на Мулер има 13 силни демократи, некои големи поддржувачи на корумпираната Хилари и ниту еден републиканец? Неодамна беше додаден уште еден демократ... дали некој мисли дека ова е фер? И сепак, немало соработка!“. Трамп притоа потсети за поразот на демократската противкандидатка Хилари Клинтон и неговиот негативен став во однос на истрагата во период од година ипол.

Американскиот претседател воедно го нападна и поранешниот заменик-директор на ФБИ, Ендру Мекејб, кој во петокот беше отпуштен од страна на главниот правобранител Џеф Сешнс, и тоа 26 часа пред да се повлече и да може да добие целосни пензиски бенефиции.

Трамп рече дека „поминал малку време со Макејб, но никогаш не водел белешки кога бил со него. „Не верувам дека направил белешки, освен да му помогне за сопствената агенда, веројатно подоцна. Исто како со лагите на Џејмс Коми. Можеме ли да ги наречеме лажни белешки“?

Претседателот на САД тврди дека личните писмени белешки на Коми и Мекејб на нивните разговори се лажни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG