Линкови за пристапност

САД со нови санкции за лица и компании од Русија


САД воведоа дополнителни санкции врз 24 Руси и 14 ентитети, вклучувајќи и неколку виши владини претставници и влијателни олигарси, за кои се верува дека имаат тесни врски со рускиот претседател Владимир Путин.

Како што соопшти Одделот за финансии, на листата се наоѓаат и 14 компании, а се` поради активности на Русија за поткопување на западните демократии.

Според американски претставници, санкциите „не се одговор на каков и да е поединечен настан или прашање“, туку целат на спротиставување на „цеокупноста на продолжителниот и се` поголемиот беобѕирен начин на опасни активности ширум светот.

Американски претставници на прес-конференција за новинарите, ја издвоија руската окупација на Крим, дестабилизирањето на источна Украина, поддршката на сириската влада на Башар Ал-Асад, „продолжителната пакосна кибернетска активност на Москва, како и „продолжителните руски напади чија цел е подривањена западните демократии“.

Санкциите ќе значат блокирање на целиот имот на олигарсите, којшто се наоѓа под јурисдикција на САД, а лица од оваа држава „генерално ќе имаат забрана да имаат контакти или деловни врски со санкционираните ентитети, рекоа официјалните лица. И ентитетите во сопственост од 50 или повеќе проценти од кој и да е од наведените на листата, исто така ќе бидат предмет на санкции.

Меѓу лицата врз кои ќе бидат спроведени санкциите се тајкунот Олег Дерипаска, директорот на Газпром, Алексеј Милер, шефот на Националната гарда, Виктор Золотов, како и министерот за внатрешни работи Владимир Колокцев.

Чекорот уследи откако Британија, САД и други земји-членки на НАТО, протераа преку 150 руски дипломати, во знак на солидарност по случајот Скрипал.

Русија порекнува вмешаност во обидот за труење со нервен агенс врз поранешниот руски спион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, во Британија. Официјална Москва, како одговор, протера ист број странски дипломати.

Засега нема реакција на Русија по најновите американски санкции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG