Линкови за пристапност

Демократите бараат засилување на истрага за Трамп


Напорите се дел од истрагата за врските на кампањата на претседателот Доналд Трамп со Русија

Претседавачот со Комитетот за правосудство во Претставничкиот дом планира да издаде барање за документи од 60 лица, вклучувајќи и официјални претставници во Белата куќа и Одделот за правда. Барањето е дел од истрагата за врските на кампањата на претседателот Доналд Трамп со Русија.

Конгресменот Џеролд Надлер за телевизијата „Еј-Би-Си“ кажа дека барањата се со цел на американската јавност да и бидат покажани случаите на опструкција на правдата, корупцијата и злоупотребата на власта.

Тој рече дека Комисијата сака да види документи од најстариот син на Трамп, Доналд Трамп Џуниор и Ален Вајселберг, главен финансиски директор во компанијата на Трамп.

Надлер кажа дека верува оти претседателот ја попречил правдата за време на функција. Тој рече дека поранешниот долгогодишен личен адвокат на Трамп, Мајкл Коен во минатонеделното сведочење пред Конгресот „директно посочил на претседателот во разни кривични дела, пред да биде избран за претседател и додека бил во Белата куќа.“

Сенаторот Марк Ворнер, демократ во Комитетот за разузнавање на Сенатот за „Си-Ен-Ен“ кажа дека по сведочењето на Коен станало јасно дека „Мораме да копаме подлабоко“ за да се дознаат детали за плановите на Трамп за изградба на облакодер во Москва за време на кампањата во 2016-та година. Трамп за време на кампањата кажа дека немал никакви деловни договори со Русија.

Ворнер вели дека тој ќе реши дали Трамп соработувал со Русија за време на изборите откако ќе биде спроведена подетална истрага. Тој посочи дека наводите дека нема докази се неточни.

Извештајот на советникот Роберт Мулер за можната соработка на кампањата на Трамп со Русија може да биде предадена на главниот правобранител на САД, Вилијам Бар во наредните денови. Не е јасно дали ќе бидат објавени детали во јавноста.

Демократските законодавци повикаа на целосно објавување на извештајот. Но, Бар кажа дека ќе го стори она кое е дозволено со правилата на Одделот за правда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG