Линкови за пристапност

Витакер: Истрагата на Мулер за руското мешање во изборите пред крај


Вршителот на должноста главен правобранител на САД, Метју Витакер кажа дека истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер за вмешаноста на Русија во претседателските избори во САД во 2016-та година и можната соработка со кампањата на претседателот Доналд Трамп ќе заврши наскоро.

„Истрагата е близу до крај. Се надевам дека ќе можеме да го добиеме извештајот од Мулер што е можно поскоро“ кажа Витакер.

Досега, истрагата на Мулер резултираше со обвиненија или признанија на вина за 34 лица и три компании.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG