Линкови за пристапност

Трамп вели одговорил на сите прашања за истрагата за Русија


Во интервју за телевизијата Фокс, американскиот претседател рече дека завршил со одговарање на прашања од специјалниот обвинител Мулер

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно повеќе нема да одговара на прашања за истрагата на специјалниот советник Роберт Мулер, кој ги испитува врските помеѓу неговата кампања во 2016 година и Русија. Со ова тој сугерира дека неговите писмени одговори на прашањата на обвинителот ќе бидат негов последен одговор.

Трамп за „Фокс Њуз Сандеј“ изјави дека тој дал „многу комплетни одговори на прашања кои не требало да му бидат поставени. Многу веројатно ова е крајот.“

Во интервју во Белата куќа снимено во петокот, а прикажано во неделата, Трамп рече дека неговите адвокати ги комплетираат одговорите на дваесеттина или повеќе прашања од Мулер, но „тие го пишуваат тоа што јас ќе ѝм го кажам.“

Адвокатите на Трамп се очекува да ги поднесат неговите писмени одговори во следните денови, иако адвокатот на Трамп Руди Џулијани минатата недела рече дека некои од прашањата биле формулирани како „можни замки“ или „непотребни“.

Прашањата се однесуваат на настани кои водеа до изборите во ноември 2016 година, но не и на двата месеци откако Трамп беше избран за претседател но се` уште без заклетва на функцијата или пак за времето на претседателствувањето на Трамп.

Трамп во интервјуто за Фокс, ги повтори нападите на 18 месечната истрага на Мулер.

Ден по конгресните избори на почетокот на овој месец, Трамп го отпушти генералниот обвинител Џеф Сешнс, со кого Трамп беше незадоволен заради неговото изземање од надгледување на истрагата на Мулер. Трамп го замени Сешнс со Метју Витакер, кој во минатото има сугерирано дека не се согласува со истрагата на Мулер.

Витакер до сега не ја коментираше јавно неговата нова функција, ниту пак неговите следни чекори во однос на истрагата на Мулер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG