Линкови за пристапност

Законодавци брифирани за наводниот шпион во редовите на кампањата на Трамп


Американски виши претставници на разузнавачките служби и агенциите за спроведување на законот, ќе имаат одвоени брифинзи пред две групи законодавци во врска со истрагата за мешањето на Русија на изборите во 2016 година.

Белата куќа ги организираше тие разговори со двајца републиканци кои побараа дополнителни информации, по наводите дека агент на ФБИ бил инфилтриран во кампањата на претседателот Доналд Трамп пред две години.

Во проширените разговори ќе биде вклучена двопартиска група од осум сенатори и конгресмени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG