Линкови за пристапност

Трамп ќе нареди истрага за наводен агент на ФБИ во кампањата во 2016-та


Одделот за правда треба да спроведе истрага за тоа дали претставник на Федералното истражно биро бил инфилтриран во кампањата на претседателот Трамп пред две години. Ова го соопшти Трамп преку Твитер, а одлуката ќе биде официјално обелоденета денеска.

Трамп истакна дека истрагата ќе се фокусира на тоа дали ФБИ или Одделот за правда имале свој човек или ја надгледувале претседателската кампања во 2016-та година за политички цели и дали вакви барања биле наложени од луѓето на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

Според критиката, заканата на Трамп потенцијално е најсериозна интервенција во правниот систем на САД откако беше отпуштен директорот на ФБИ Џејмс Коми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG