Линкови за пристапност

Објавен транскрипт од сведочењето за досието за Трамп


Директорот на истражувачката фирма која го ангажирала поранешниот британски шпион да води истрага за Доналд Трамп за време на неговата претседателска кампања пред Комисијата на Сенатот рекол дека истражителот го доставил досието за Трамп до ФБИ затоа што бил „многу загрижен“ за потенцијалната штета по националната безбедност.

Сенаторката Дајан Фајнстајн вчера објави транскрипт од сведочењето зад затворени врати во кое ко-основачот на Fusion GPS, Глен Симпсон, во август го дал пред Комисијата за правосудство во Сенатот.

Фирмата на Симпсон го ангажирала Кристофер Стил да го подготви досието за кое најпрво платила конзервативна веб-страница, а подоцна и демократите, вклучувајќи ја и кампањата на Хилари Клинтон.

Според забелешките од сведочењето, Симпсон им рекол на законодавците дека Стил бил загрижен за тоа дека претседателскиот кандидат можеби е уценуван.

„Од моја перспектива имаше прашање за спроведување на законот за тоа дали имало нелегални заговори за кршење на правилата на кампањата“, рекол Симпсон.

Трамп го отфрли досието и негираше дека неговата кампања соработувала со Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG