Линкови за пристапност

Долгогодишен соработник на Трамп негира вмешаност со Русија


Роџер Стоун денеска сведочи пред Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом

Политичкиот консултант Роџер Стоун, долгогодишен соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, пред денешното сведочење во Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом, изјави дека не е „вмешан“ во наводните врски со Русија околу изборите во САД.

Во воведната изјава на сесијата што се одржува зад затворени врати, Стоун кажа дека е јасно оти имало странска држава која соработувала со претседателска кампања, но предложи истражителите да го разгледаат случајот со Украина и демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Комисијата за разузнавање во Сенатот води сопствена истрага за руското мешање и можните врски со кампањата на Трамп.

Поранешниот директор на Федералното истражно биро Роберт Милер, води посебна истрага, во улога на специјален советник за Одделот за правда.

Американските разузнавачки агенции во јануари годинава, им порачаа на законодавците дека Русија спровела кампања за намалување на шансите Клинтон да биде избрана за претседател, истовремено помагајќи му на Трамп.

Трамп негираше какви било договори со Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG