Линкови за пристапност

Трамп во одбрана на синот за средбата со руската адвокатка


Претседателот на САД, Доналд Трамп, продолжува да го брани минатогодишниот состанок на неговиот најстар син со руска адвокатка од која тој очекувал дека ќе му даде инкриминирачки информации, за противкандидатката на Трамп, демократката Хилари Клинтон.

Трамп неколку пати се обиде да ја смири контроверзата околу состанокот на Доналд Трамп Јуниор со Наталија Веселницкаја, откако преку посредник му било кажано дека адвокатката на руската влада ќе му даде штетни материјали за Клинтон.

Напорите на Москва имале за цел да му помогнат на Трамп да победи на изборите.

Синот на Трамп подоцна изјави дека адвокатката немала информации за Клинтон.

Состанокот сега е фокус на неколку истраги за руското мешање во изборите, вклучувајќи и кривична истрага од страна на специјален советник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG