Линкови за пристапност

Трамп го поздрави објавувањето на мејловите


За демократите ова е уште еден доказ за соработката на кампањата на Трамп со Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потврди неговиот став дека прашањата за врските меѓу неговата претседателска кампања и Русија претставуваат „најголем лов на вештерки во историјата“.

Коментарите на Твитер беа објавени еден ден откако неговиот најстар син ги објави пораките дека тој и други лица од кампањата се сретнале со руска адвокатка се цел да добијат компромитирачки информации за демократската претседателска кандидатка, Хилари Клинтон.

Доналд Трамп Јуниор во интервју за „Фокс њуз“ кажа дека тој не го известил неговиот татко за состанокот. Тој обвиненијата за тајна соработка меѓу кампањата Трамп и Русија ги нарече „смешни“.

Претседателот Трамп на Твитер го пофали интервјуто.

„Мојот син Доналд минатата ноќ стори добра работа. Тој беше отворен, транспарентен и невин,“ напиша Трамп.

Претходно, неговите коментари беа прочитани од портпаролката на Белата куќа, во кои тој го нарекува неговиот син „висококвалитетна личност“, но не разговараше за последиците од размена на електронската пошта.

Дописниците на Гласот на Америка од Капитол Хил велат дека обелоденувањето дека Доналд Трамп Јуниор барал штетни информации за Клинтон пред изборите, предизвикале шок во Конгресот и предизвикале силни реакции кај членовите на Демократската партија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG