Линкови за пристапност

Мекејн: Русија и Путин се најголем предизвик што го имаме


За време на посетата на Австралија, Мекејн истакна дека Путин се обидел да ги „уништи основите на демократијата“, во напор да влијае на претседателските избори во САД

Сенаторот Џон Мекејн изјави дека Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин, ги смета како „најголем предизвик што го имаме“, дури и над оној што произлегува од терористичката организација Исламска држава.

За време на посетата на Австралија, Мекејн истакна дека Путин се обидел да ги „уништи основите на демократијата“, во напор да влијае на претседателските избори во САД.

„Не сум видел докази дека успеале, но тие се обиделе и се` уште се обидуваат да променат избори. Тукушто се обидоа да влијаат на исходот на изборите во Франција“, кажа тој.

Забелешките доаѓаат во време кога администрацијата на претседателот Доналд Трамп се соочува со истраги за наводната вмешаност со Русија, вклучувајќи ги и извештаите дека Џаред Кушнер, неговиот виш советник и зет, се обидел да воспостави повратен комуникациски канал со руски официјални лица, неколку недели пред инаугурацијата на Трамп.

Белата куќа се фокусира на претстојното сведочење на поранешниот директор на Федералното Истражно Биро (ФБИ), Џејмс Коми во Конгресот. Трамп го отпушти Коми откако, наводно, од него побарал да се откаже од истрагата за поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин и неговите тесни врски со Кремљ.

Трамп ги отфрли сите наводи дека неговата кампања соработувала со Русија.

Поранешниот директор на ФБИ, Роберт Мулер е именуван специјален советник во истрагата поврзана за Русија, додека конгресните комисии повикаа на сведочење, бројни актуелни и поранешни соработници на американскиот претседател.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG