Претседателот Доналд Трамп повторно ги одби извештаите за наводните врски на неговата кампања со Русија, нарекувајќи ги „целосна измислица“. Тој ова го кажа синоќа за време на обраќање во Западна Вирџинија, само неколку часа откако „Волстрит џурнал“ објави дека специјалниот советник во истрагата, Роберт Мулер ја свика големата порота во врска со наводната вмешаност на Русија во американските избори.
Трамп за приказната за Русија кажа дека е само изговор за најголема загуба во историјата на американската политика, а обвинителите треба да ги разгледаат 33-те илјади електронски пораки на Хилари Клинтон, додаде тој.
Во меѓувреме, двајца американски сенатори претставија предлог-закон со кој може да се забави дел од притисокот на претседателот околу истрагата за Русија.
Со него на Трамп ќе му забрани да отпушти истражители, освен ако направат прекршок, ако има конфликт на интереси, во случај на тешка болест или друга добра причина.
Facebook Forum