Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на претседателот Доналд Трамп неколку месеци во 2016-та година, денес треба да добие пресуда за даночна и банкарска злоупотреба.
Согласно правилата за казнување, Манафорт може да биде осуден на затвор меѓу 19 и 24 години.
Тој на први април полни 70 години, така што пресудата би можела да значи затвор до крајот на животот.
Адвокатите на Манафорт бараа полесна казна, велејќи дека тој се соочува со здравствени проблеми, и оти му било нанесена штета на неговата репутација поради јавниот прогон.
Обвинителите сметаат дека предложените казни се соодветни, и оти Манафорт ќе треба да плати казна помеѓу 50.000 и 24 милиони долари.
Facebook Forum