Линкови за пристапност

Џулијани смета дека Трамп не треба да биде интервјуиран од Мулер


Правниот тим на претседателот стравува дека Трамп може да биде фатен во стапица, и да биде обвинет за лажење под заклетва

Адвокатот на претседателот Доналд Трамп Руди Џулијани вели дека е отворено прашањето дали Трамп ќе одговори на прашањата од истражителите за руското мешање во изборите во 2016-та година. Сепак, неговиот правен тим инсистира тој да не биде интервјуиран.

Иако Трамп претходно има изјавено дека сака да одговори на прашањата од специјалниот советник Роберт Мулер, Џулијани во вчерашното интервју за вестите на Еј-Би-Си рече:

„Почна да се разрешува ситуацијата да не му се дозволи на американскиот лидер да биде испрашуван“, рече тој.

Џулијани смета дека Трамп може да биде фатен во стапица, и да биде обвинет за лажење под заклетва, што претставува криминално дело.

Поранешниот градоначалник на Њујорк изјави дека правниот тим на Трамп можеби ќе дозволи интервју, ако е кратко и конкретно, но, претпочита тоа да не биде случај.

Тој нагласи дека адвокатите на Трамп сметаат оти тимот на Мулер има се` што му е потребно - 1.4 милиони документи и 28 сведоци за да ја комплетира истрагата, додавајќи дека претседателот ја кажува вистината и не постои вмешаност на Русија во неговата победа, како и дека тој не ја попречил правдата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG