Специјалниот советник Роберт Мулер планира да го интервјуира претседателот Доналд Трамп, како дел од истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори во САД во 2016-та година.
Трамп пред новинарите, изјави дека тој би зборувал со специјалниот советник под заклетва.
„Го очекувам тоа. Немало никаква соработка, никаква опстукција. Загрижен сум за многу работи, за кои вие не известувате“, им се обрати Трамп на новинарите.
Мулер истражува дали Трамп ја попречил правдата, кога, како што вели поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, Трамп побарал од него да ја прекине истрагата за контактите на Мајкл Флин со тогашниот руски амбасадор во Вашингтон, недели пред Трамп да ја преземе функцијата.
Иако претседателот рече дека би сакал да разговара со специјалниот советник, не е јасно дали неговиот правен тим го поддржува во овие намери.
Facebook Forum