Линкови за пристапност

Синот на Трамп објави мејлови за руските информации


Доналд Трамп Јуниор денес ги објави мејловите, кои тој ги разменил со Роб Голдстоун, претставникот на руската адвокатка Наталија Веселницкаја

Најнови објавени мејлови покажуваат дека на најстариот син на претседателот Доналд Трамп, минатата година му биле ветени компрoмитирачки информации од руски адвокат, кои се однесувале на Хилари Клинтон, противникот на Трамп на изборите во САД. Целта на информациите била да се зацврсти поддршката на Москва за кандидатурата на Трамп.

Доналд Трамп Јуниор денес ги објави мејловите, кои тој ги разменил со Роб Голдстоун, претставникот на руската адвокатка Наталија Веселницкаја.

Тој се сретнал со него на средината на јуни, минатата година, кусо откако неговиот татко ја добил републиканската номинација за претседател.

Мејловите се појавија во момент кога руското мешање во изборите е предмет на бројни истраги во Конгресот, како и на криминална истрага на специјалниот обвинител Роберт Мулер, поранешен директор на Федералното истражно биро (ФБИ).

Американската разузнавачка заедница заклучи дека рускиот претседател Владимир Путин лично наредил кампања, за уништување на репутацијата на Клинтон, помагајќи му на Трамп да ја порази на изборите

Во мејловите се открива дека Голдстоун му кажал на Трамп Јуниор дека „влијателен руски обвинител и понудил на кампањата на Трамп, официјални документи и информации, кои ќе ја компромитираат Хилари и нејзините контакти со Русија, и оти ќе биде многу корисно за твојот татко“.

Во мејлот стои: „ Ова очигледно е многу високо ниво, како и се работи за чувствителни информации, но, се дел од Русија и нејзината поддршка за Трамп“.

За неколку минути, Трамп Јуниор му одговора:

„Ако е како што велиш, би сакал, особено подоцна во летото“.

Денови подоцна, Голдстоун укажува на Веселницкаја како „руски владин адвокат, кој ќе допатува од Москва да се сретне со Трамп Јуниор.

Москва демантираше дека ја познава Веселницкаја, и ги отфрли тврдењата на САД дека се мешале во изборите

По објавувањето на мејловите, Доналд Трамп Јуниор изјави дека кога се сретнал со Веселницкаја, му станало очигледно дека таа нема ништо компромитирачко за Клинтон, и оти таа брзо го пренасочила разговорот за санкциите на САД кон Русија, и кон одговорот на Москва да се стави крај на посвојувањето на руски деца од Американци.

Пред објавувањето на мејловите, Белата куќа соопшти дека не постои поврзаност меѓу кампањата на Трамп и Русија, со цел да му се помогне да победи на изборите во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG