Новоизбраниот претседател Доналд Трамп преку Твитер ги порекна наводните тврдења дека Русија поседува информации за да го компромира и дека претставници од неговата кампања биле во заговор со руското разузнавање. Во медиумските извештаи се наведува и дека во извештај на американските разузнавачки агенции се вели дека притоа биле дискутирани сексуални активности од страна на Трамп.
Доналд Трамп, неговиот адвокат и портпаролот на Кремљ, рекоа дека овие информации се погрешни.
Трамп на пораката на Твитер кажа дека oва се „лажни вести и комплетен политички лов на вештерки“.
Претседателот Барак Обама наводно бил брифиран на истата тема и го добил истиот извештај.