Линкови за пристапност

Трамп брифиран за руските хакерски напади


Само еден ден откако се одржа сенатско сослушување и по брифирањето на претседателот Обама

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп кој ја отфрли идејата на американската разузнавачка заедница дека Русија стои зад неодамнешното хакирање на изборниот процес, доби целосен брифинг од првите лица.

Вчера, американските разузнавачки власти кажаа дека доказите за тоа дека Русија се вмешала во изборите се цврсти, но не постои начин да се каже дали и колку тоа му помогнало на Доналд Трамп да победи на изборите.

Претседавачот на комисијата, сенаторот Џон Мекејн го запраша директорот на националното разузнавање Џејмс Клапер колку руското мешање влијаело на изборите:

„Навистина за што ние зборуваме е тоа дали тие успеале да влијаат на резултатите од изборите, за кои никој од нас не верува дека беа променети. Ако тоа се случеше тоа би преставувало напад на САД, заради ефектите кои би настанале ако тие успеа?

Клапер одговори:

„Прво, не можеме да кажеме дека тие промениле некое изборно ливче. И нема начин како разузнавачката заедница да го измери влијанието врз електоратот и нивниот избор. Нема начин како да го измериме тоа. За тоа дали преставува акт на војна, е прашање на тежок политички повик, јас не верувам дека разузнавачката заедница може да го направи тоа, но според мене тоа има голема тежина.“

Клапер вели дека Русите го хакирале Демократскиот национален комитет и објавиле информации до медиумите, но се обиделе да влијаат на изборите и на многу други начини:

„Тоа беше повеќе страна кампања. Хакирањето беше само дел од тоа, но имаше и класична пропаганда, дезинформации, лажни вести.“

Многу демократи веруваат дека руското хакирање имало специјална цел да му помогне на Трамп да победи во трката за Белата куќа. Некои републиканци велат дека секое надворешно мешање во американските политички партии е криминал.

XS
SM
MD
LG