ВАШИНГТОН —
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека сака Русија да се врати во групата Г7, и покрај тоа што се` уште има контрола врз Крим.
Москва беше исклучена од групата поради нејзината еднострана анкесија на украинскиот полуостров.
На претстојниот Самит Г7 викендов, Трамп вели дека би имало смисла да присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.
„Мислам дека Русија треба да биде дел од ова, бидејќи работиме на мир во светот, како и на трговија и други работи. Би било многу полесно ако Русија е таму“, рече Трамп.
Дел од Г7 се Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Британија и САД.
Самитот ќе трае три дена во Фрнанција, почнувајќи в сабота.
Facebook Forum