ВАШИНГТОН —
Русија треба повторно да биде поканета на самитот на водечките индустријализирани земји, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, пред да замине на состанок на Групата-7 (Г-7) во Канада.
Трамп пред новинарите кажа дека „Тој бил најлошата ноќна мора за Русија ... Русија треба да биде на овој состанок“.
Друг лидер кој ќе присуствува на самитот Г-7, италијанскиот премиер Џузепе Конте преку Твитер рече дека го поддржува предлогот на Трамп.
Facebook Forum