Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не направил никакви отстапки за рускиот претседател Владимир Путин, на средбата во Хелсинки минатата недела, но, деталите за нивниот состанок остануваат тајни.
„Зборувавме за идните бенефити за двете држави“, напиша Трамп на Твитер, и додаде дека „исто така се согласуваме многу добро, што е добра работа, освен за корумпираните медиуми“.
Тој ги обвини медиумите дека шират неточни информации, известувајќи негативно за неговиот состанок со Путин.
Трамп и Путин минатата недела се сретнаа зад затворени врати повеќе од два часа. Со нив беа единствено нивните преведувачи.
Во неколку наврати по средбата, Трамп изјави дека зборувале за руското мешање во претседателските избори во 2016-та година, за стопирање на глобалниот тероризам, безбедноста во Израел, за руското припојување на Крим во 2014-та година, кибернетските напади, трговија, мирот на Блискиот исток, за нуклеарното оружје на Северна Кореја, како и за други прашања.
Но, деталите за тоа што одлучиле се` уште не се познати. Трамп минатата недела го покани Путин да дојде во Белата куќа, за да ја одржат втората средба.
Facebook Forum